/ Прочитано:

1.458

Држави во светот со најголем број расисти: Македонија е во низата од 15 до 20 отсто

Петок, 17 мај 2013 – Студијата на глобалниот анктетноистражувачки проект „Ворлд велју“ (World Value Survey) покажува кои земји и големи градови се најмногу или најмалку расистички настроени. Според резултатите, Хонг Конг е рекордер, а во Велика Бријатија, САД и Канада има најмалку расисти. Македонците, заедно со Србите, Унгарците и Русите, се наоѓаат во низата од 15% до 19,9 %, од студијата на истражувачкиот проект. 

До резултатите е дојдено преку анкетирање на лица кои се од различна националност и живеат во различни земји во светот. На лицата им се поставувани прашања од типот, какви соседи сакате да имате, дали правите разлика доколку соседот е од друга националност, боја на кожа, вероисповед, итн..

Според податоците на истражувачкиот проект кои се добиени и врз основа на социјалните движења на населението во последниве 10 години, најмалко толерантно спрема другите раси е населението во Хонг Конг (истражувањето е направено одделно за градот и целата територија на Кина), Индија, Бангладеш и Јордан. За овие места, во однос на прашањето дали им пречи нивните соседи да се припадници на друга раса, процентот е највисок, дури 40 %.

Нашата земја заедно со Србија, Унгарија и Русија се наоѓаат во низата од 15% до 19,9 %, од студијата на истражувачкиот проект.

Апсолутен рекордер, според истражувањето е Хонг Конг, град во кој 78% од населението се расисти. Потоа е Бангладеш со 71%, Јордан со 51% и Индија со 43%.

Во низата од 30 до 40 % се наоѓаат: Eгипет, Саудиска Арабија, Иран, Виетнам, Индонезија и Јужна Кореја. Во низата од 10% до 30 % се Франција, Турција, Бугарија, Алжир, Мароко, Тајланд, Малезија и Филипини.

Најмалку расистички настроени земји се Велика Британија, Канада, Бразил, Аргентина, Колумбија, Австралија, Шведска, Норвешка, Латвија и Нов Зеланд.

Хрватска заедно со Германија, Белорусија, Белгија, Јапонија и Шпанија се во низата од 5 % до 9%.