/ Прочитано:

1.010

Eден месец притвор за Насер Кељменди

Четврток, 9 мај 2013 – Судијата на ЕУЛЕКС во Основниот суд во Приштина му одреди еден месец притвор на Насер Кељменди, соопшти ЕУЛЕКС. Осомничениот беше уапсен пред два дена врз основа на налогот, кој го издаде обвинителот на ЕУЛЕКС.

Кељменди е уапсен во вторникот вечерта врз основа на налог што го издаде обвинител на Еулекс од Канцеларијата на Специјалното обвинителство на Косово (СТК).

Акцијата на апсење е изведена во координација меѓу домашните и обвинителите на ЕУЛЕКС.

Осомничениот е под истрага за повеќе кривични дела. меѓу кои организиран криминал. Босна и Херцеговина pо Кељменди има распишано меѓународна потерница, а се наоѓа и на црната листа на Стејт департментот, како еден од најголемите нарко-босови кој претставува закана за САД

Со ова апсење е обезбедено предметот Кељменди директно да го преземе меѓународниот обвинител на  ЕУЛЕКС, кој ќе спроведе постапка за предавање пред косовските судови. На овој начин е обезбедена можноста од директно вклучување на судии и обвинители на  ЕУЛЕКСс во оваа постапка.