/ Прочитано:

942

Една четвртина од компаниите во Словенија ги предводат жени

Петок, 8 март 2013 – Жените во Словенија имаат поголеми шанси да го достигнат врвот на професионалната кариера во економијата, отколку во политиката, иако на водечките места се уште доминираат мажите, покажуваат податоците на словенечкиот Државен институт за статистика. 

Според податоците на Државниот институт за статистика, објавени по повод Меѓународниот ден на жената 8 март, кон крајот на 2012 година на 26 проценти од местата во администрацијата на големите и средни претпријатија во Словенија биле жени.

Овој однос меѓу половите во деловната администрација покажува напредок во однос на 2010 година, кога жените учествувале со 21 процент во управувањето на словенечките претпријатија, иако 90 проценти од директорите биле мажи.