/ Прочитано:

832

Едномесечен притвор за уапсените во „Ликвидација“

Среда, 29 мај 2013 – Приведените во акцијата „Ликвидација“  меѓу кои судии, обвинител, адвокат и новинар од синоќа се во 30-дневен притвор. Само еден од приведените е пуштен во домашен притвор поради возраста, објави „Канал 5“. 

Злоупотреба на службената положба и овластување, примање поткуп, противзаконито посредување, поттикнување, помагање и соизвршителство, неовластено давање информации и податоци за сведоците се кривичните дела поради кои осомничени се судии, адвокат, новинар, сопственици на ресторани во Велес и уште едно лице познато во скопското подземје кои вчера изутрината беа упасени во полициската акција „Ликвидација“. Oсомничените се поврзуваат со неколку предмети кои се судеа во велешкиот суд. Еден од предметите е случајот со платеното убиство на старецот во селото Ореше што се случи во 2005-та година. Според МВР, новинарот е уапсен бидејќи во новинарски текст од 2008 година го објавил идентитетот на заштитениот сведок во процесот.

Во меѓувреме, Судскиот совет на седница го тргнал имунитетот на велешкиот судија уапсен во акцијата, со што истражниот судија доби зелено светло за да му одреди притвор.