/ Прочитано:

914

ЕК: Државите кои не ги исполнуваат имигрантските квоти ќе бидат дадени на суд

Четврток, 1 октомври 2015 – Државите од ЕУ, кои не ги исполнуваат имигрантските квоти, ќе бидат дадени на суд. Тоа го соопшти претставник на Европската комисија на седница на комисијата за граѓански слободи, правосудство и внатрешни работи на Европскиот парламент, пренесе МИА.

Претставник на ЕК појасни дека дури одделни држави да гласале против или воздржано при прифаќање на квотите од Советот на ЕУ, решението за квотен систем е утврдено и следува да се извршува како законодавен акт што стапил во сила. Оние кои не ги исполнуваат задолженијата согласно овој акт, ќе бидат дадени на Суд на ЕУ.

ЕК соопшти денеска дека до крајот на седмицата ќе испрати „многу остро“ писмо до Унгарија поради преземените промени во националното законодавство, поврзано со имиграцијата. Според комисијата, проверките по внатрешните граници во ЕУ треба да се преземат како последна мерка.

ЕК пред неколку дена соопшти дека до крајот на годината ќе предложи да биде создадена Европска гранична полиција.