/ Прочитано:

987

EП бара расветлување на случајот Ел-Масри

Вторник, 11 септември 2012На годишнината од терористичките напади во САД, Европскиот парламент во името на почитувањето на основните човекови права, побара европските земји членки на ЕУ да ги расветлат сомневањата за илегалните активности на ЦИА на европската територија. Во резолуцијата има и точка посветена на Македонија што повикува државата да ги утврди одговорните лица за наводното грабнување на Калид Ел-Масри и да ги принуди истите да одговараат за нивните дела.

>> Владин агент Богданов: Тврдењето на застапниците на Ел-Масри дека во пасошот нема излезен печат од државата е спротивно на доказите 

>> Адвокат Медарски: Во исчекување на пресудата за случајот Ел-Масри

Европскиот парламент жали и за отсуството на акција од страна на јавното обвинителство во Скопје, околу жалбата на Ел-Масри. Европратениците сметаат дека овај случај треба да се најде и на дневниот ред на Европската комисија, директно поврзани со кандидатурата на Македонија за членство во Европската унија.

Во меѓувреме судот во Стразбур до крајот на годинава треба да одлучи по апликацијата на Ел-Масри, каде Македонија e тужена за негово наводно противправно предавање на американските агенти на ЦИА. Ел-Масри тврди дека  бил изложен на „озлогласената“ програма на ЦИА, за нелегално затворање на лица осомничени за тероризам во тајни затвори. Од Македонија бара да му исплати штета од 300.000 евра, а судот да утврди повреда на човековите права од членовите 3, 5, 8 и 13 од Европската конвенција за човекови права.

Освен од Стразбур, Ел-Масри бара  правда и пред македонските судови. Во тек е граѓанска постапка во Основниот суд Скопје 2. Следното рочиште е закажaно за 26 септември, годинава. Процесот се одолговлекува бидејќи Ел-Масри во моментов издржува затворска казна во Германија за физички напад на градоначалник.

>> Предметот за случајот Ел-Масри против Македонија, проследете го тука.