/ Прочитано:

886

Ердоган: Веднаш да ги прекинете протестите!

Петок, 7 јуни 2013 – Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган ноќеска се врати во Турција каде му беше организиран грандиозен дочек од неговите приврзаници. Повика на итен прекин на масовните антивладините протести.  

„Повикувам за ставање крај на демонстрациите, кои го загубија демократскиот карактер и се претворија во вандализам, проследен со разурнувања на објекти и кражби во продавници“, изјави Ердоган по враќањето од турнејата по државите од Магреб, пренесува Ројтерс.

Ердоган ги повика Турците да се дистанцираат од, како што рече, незаконските протести и изнесе обвинувања поради претераната употреба на полициска сила во изминатите седум дена, најавувајќи покренување на истрага.

И покрај повикот на Ердоган, масовните демонстрации од кои се повикува на негова оставка продлжија во повеќе градови во Турција. Вчера пак, дојде и до први судири меѓу демонстрантите и поддржувачите на турскиот премиер.

Во текот на изминатите денови, четири лица загинаа во антивладините протести во Турција, а бројот на повредени е преку 4000 лица.