/ Прочитано:

855

ЕСЧП ја казни Италија за кршење на основните права на затворениците

Среда, 9 јануари 2012 – Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП) денеска одлучи да ја казни Италија со 100.000 евра поради кршењето на основните права на затворениците, бидејќи ги држи во преполни затвори.

Судот, исто така, побара од Италија во текот на годинава да ја подобри ситуацијата во поправно казнените домови, јави Танјуг.

Европскиот суд донесе ваква пресуда по жалбата која во 2009 година ја поднесоа седум затвореници од два затвора, кои се жалеле дека мораат да делат една ќелија од девет квадратни метри со уште две лица, што значи дека секој затвореник имал личен простор од само три метри квадратни.

Тие, исто така, тврделе дека редовно немаат топла вода и светло.

Судот во Стразбур заклучи дека тоа претставува кршење на Европската повелба за човекови права, со која се забранува мачење и нехумано или деградирачко однесување.

Италијанската министерка за правда Паола Северино изјави дека е „разочарана“, но не и изненадена поради одлуката на Европскиот суд.