/ Прочитано:

671

ЕУ бара правда: Бугарскиот и словенечкиот отпад „спакуван“ како аргумент пред Европскиот суд на правдата

Понеделник, 3 февруари 2014 – Словенија и Бугарија ќе се најдат пред Европскиот суд на правдата заради непочитување на прописите на ЕУ во врска со складирањето на отпадот, одлучи Европската комисија.

Како што објавува EurActiv, овие активности на двете членки на Европската унија го загрозуваат здравјето на своите граѓани и животната средина и се причина за поведување на судска постапка.

Имено, Словенија, и покрај декларираните ветувања, не санирала две депонии со опасни материи од металуршко-хемиската индустрија „Цинкарна Целје“.

Бугарија исто така, ниту по одминувањето на четири години од истекот на рокот не ги затворила депониите што не се во согласност со стандардите на ЕУ.

 Во јануарскиот пакет одлуки, Европската комисија, донела вкупно 134 одлуки за кршење на европските прописи, од кои седум се однесуваат на изведување на земјите членки пред Европскиот суд на правдата.