/ Прочитано:

932

EУ ги замрзна сметките на Виктор Јанукович и на уште 17 Украинци

Четврток, 6 март 2014 – Европската унија ги замрзна средствата на 18 Украинци, обвинети за злоупотреби, вклучително и на претседателот Виктор Јанукович.

Во соопштението на ЕУ се наведува дека одлуката  е донесена  за лица кои е утврдено дека се одговорни за проневера на украински државни средства и за прекршување на човековите права.  Денеска  водачите на ЕУ ќе се состанат на вонредна средба во Брисел, за да разговараат за кризата во Крим.

Освен Јанукович, меѓу вклучените во листата се неговиот син Олександер, поранешните премиер, главен обвинител, министерот за внатрешни работи, началникот на Службата за безбедност на Украина и министерот за правда.

Целосната листа е објавена во Службениот весник на ЕУ . Казните ќе се применуваат за 12 месеци. Надлежниот орган на земја членка може да дозволи ослободување или обезбедување на замрзнати финансиски средства или економски ресурси под одредени услови. 

Швајцарските власти веќе наредија замрзнување на средствата како на Јанукович и неговиот син мултимилионер, така и на други 18 поранешни министри и официјални лица од Украина.

Лихтенштајн исто ги  замрзна банкарските сметки на некои официјалните лица, а Австрија најави мерки против 18 Украинци, осомничени за кршење на човековите права и корупција.