/ Прочитано:

1.044

Европската комисија со европски обвинител ќе ги гони даночните затајувачи

Четврток, 18 јули 2013 – Претседателот на Европската комисија (ЕК), Жозе Мануел Барозо и еврокомесарот за правда, Вивиен Рединг денеска во Брисел го презентираа предлогот за воведување на функцијата европски јавен обвинител и за зајакнување на Европското биро за борба против измами (ОЛАФ), со цел да се засили борбата против даночните измами. 

Се проценува дека поради злоупотреби и корупција во земјите-членки, ЕУ секоја година губи најмалку 500 милиони евра. ЕК најде начин како да се справин со даночните затајувачи и корупцијата во земјите-членки. Комисијата како можно решение го гледа отварање на канцеларија на европски јавен обвинител.

Според предлагачите, цел на овој предлог на Европската комисика (ЕК) е подобрување на системот на гонење на криминалците кои ги измамиле даночните обврзници во Европската унија, преку воспоставување на канцеларија на европски јавен обвинител.

Оваа иницијатива ја потврдува посветеноста на ЕК и заложбата за почитување на владеењето на правото, со решително зајакнување на заштитата на парите на даночните обврзници и ефективно справување со измамите кои ќе ги вклучуваат фондовите на Европската унија. Со овој предлог, Еврокомисијата ги исполнува своите ветувања за нулта толеранција кон измамите во однос на буџетот на Унијата“, претседателот на  потенцира Баросо.

Според еврокомесарот за правда, Рединг, пак, ако ЕК сама не го заштити федералниот буџет, тоа нема да го направи никој друг за Унијата, па затоа го повика Европскиот парламент и земјите-членки на Унијата да застанат зад овој проект, со цел јавниот обвинител на ЕУ да почне да функционира од 1 јануари 2015 година.