/ Прочитано:

1.124

Европската мрежа против бездржавјанство ги повикува европските земји да го запрат бездржавјанството кај децата

Денес, Европската мрежа против бездржавјанство (ЕНС), која вклучува повеќе од педесет невладини организации од Европа, вклучувајќи го и Македонско здружение на млади правници (МЗМП), ќе предаде петиција до членовите на Европскиот парламент и до Советот на Европа со која ги повикува европските лидери да работат на решавање на проблемот со децата без државјанство.

 

akad 4

Петицијата, која собра повеќе од 21 000 потписи, ја потенцира потребата за заштита на илјадници деца во Европа од злото на бездржавјанството, и таа претставува дел од поголема кампања која во себе вклучува поголем спектар на субјекти кои вршат притисок врз европските земји да го реформираат домашното право кое ги спречува децата да стекнат државјанство. Оваа кампања вклучува настани во повеќе европски земји, како што се: Италија, Полска, Словенија, Франција, Велика Британија, Албанија, Македонија и Србија.

Бездржавјанството кај децата останува проблем во Европа и илјадници деца се оставени без државјанство поради правни празнини и поради неможноста на државите соодветно да ги применат мерките за заштита од оваа состојба. Помалку од половина од европските земји целосно ги имаат применето неопходните мерки за заштита во нивното домашно законодавство сè со цел да се исполнат обврските од меѓународните договори за заштита на децата од бездржавјанство.

Истражувањето спроведено од Европската мрежа за бездржавјанство (ЕНС), како мрежа на невладини организации, академски иницијативи и индивидуални експерти посветени на решавањето на состојбата на бездржавјанство, откри дека децата чии родители немаат државјанство ја наследуваат состојбата бездржавјанство.

Децата кои се напуштени или децата сирачиња каде што државјанството на родителите не е познато, исто така, можат да бидат во ризик, како и децата кои минуваат низ постапката на меѓународно посвојување и оние кои пристигнуваат во Европа како бегалци.

Децата без државјанство имаат ограничен пристап до здравствено осигурување и до образование и во текот на животот ќе почувствуваат и други ограничувања.

Тешко е да се замисли како им е на децата кои растат без државјанство. За оние кои се засегнати со овој проблем ова значи дека тие ќе немаат здравствена заштита, образование и други можности, како и дека нема да се достигне нивниот потенцијал и ќе имаат чувство дека не припаѓаат никаде. Сето ова носи мака и болка за децата, но и за нивните родители.

Поддршката за кампањата #StatelessKids во Европа, која во себе вклучува повеќе од 21 000 потписи на петиција, покажува вистинска желба за решавање на проблемот со бездржавјанство и страдањето низ кое поминуваат децата и нивните родители. Добрата вест е дека состојбата на бездржавјанство е ситуација која се решава преку заедничка работа меѓу граѓанските организации и владите, кои можат да стават крај на оваа состојба засекогаш.

Агенцијата за бегалци на ОН проценила дека во светот постојат повеќе од 10 милиони лица без државјанство. Околу 600 000 од нив живеат во Европа. Сепак, бездржавјанството останува релативно скриен проблем и проблем за кој малку се зборува. Поради тоа што владите и граѓанските организации често и не се свесни за овој проблем, многу лица без државјанство се наоѓаат на маргините на општеството и не им се почитуваат основните човекови права. Како дел од напорите за решавање на оваа состојба, УНХЦР ја промовираше иницијативата #iBelong, чија цел е искоренување на бездржајанството во текот на една декада.

Петицијата за повикување на европските држави да стават крај на состојбата на деца без државјанство е достапна онлајн на https://you.wemove.eu/campaigns/end-childhood-statelessness-in-europe и ги повикува сите европски држави да преземат чекори во врска со овој проблем.