/ Прочитано:

946

Европскиот суд на правдата ја осуди Грција за условите во затворите

Среда, 5 декември 2012 – Европскиот суд на правдата донесе две пресуди против Грција за непочитување на минималните услови во притвор. 

Судот и нареди на грчката држава да му плати компензација на 75-годишен Полјак поради бруталност од страна на чуварите во затворот Коридалос во близина на Пиреа, пренесува „Екатимерини“. 

Другата пресуда е во полза на група од 14 мажи кои служеле одвоени затворски казни во Јанина, каде не им била дадена неопходна медицинска нега и биле држени во несанитарни услови.