/ Прочитано:

1.090

(ФОТО) Адвокатите добија своја канцеларија во скопска Апелација

Вторник, 11 ноември 2014 – Адвокатите од денеска ќе имаат своја канцеларија во зградата на Апелациониот суд – Скопје, каде ќе можат да ги обавуваат своите обврски меѓу судењата. Според претседателот на Адвокатската комора на РМ (АКРМ), Никола Додевски, ова преставува значаен чекор во заложбите за менување на односот кон адвокатурата и враќање на вистинската позиција на адвокатите во државата.

„Идејата за отворање на оваа просторија не преставува само овозможување на покомфорно обавување на нашите обврски меѓу судењата и во застапувањето додека сме во судските згради, туку преставува и еден чекор кон менување на односот кон адвокатурата и ставање на адвокатите во вистинската позиција во државата, која ја заслужуваат. Она што за сето време постојано го повторуваме – сега особено со новите законски измени во однос на кривичната, но и во граѓанската постапка – е дека и одбраната и обвинението имаат еднакви позиции.  Ако тоа е така, тогаш и условите за работа треба се такви“, истакна Додевски на отворањето на Канцеларијата.

Додевски посочи дека идејата е отворање на вакви канцеларии и во другите судови

„Ова е првиот чекор, а идејата е вакви услови да се стваарат во сите судови – барем во поголемите судови во РМ, и на тој начин да се подобрат и односите кон адвокатурата и условите за работа, како и во создавањето вистинската и квалитетна правда кон која што сите ние тежнееме“, рече Додевски.

Просторијата, како што појасни, е уредена со средства на АКРМ, а воспоставен е и бесплатен интернет за членовите на АКРМ. 

Е. П.