/ Прочитано:

942

(ФОТО) И Северна Кореја се спрема за избори

Среда, 5 март 2014 – Државната информативна агенција на Северна Кореја информираше дека се подготовките за изборите се доближуваат до својата крајна фаза.

Во пресрет на изборниот процес, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун рече дека е благодарен за масовната народна поддршка и доверба во него како лидер.

„Од дното на моето срце благодарен сум многу за вашата длабока доверба во мене“, емотивно изјави Ун, кој потоа вообичаено изврши „мониторирање“ на ситуацијата на терен.

Инаку, парламентарните избори се закажани за 9 март и ќе бидат први откако Ким Џонг Ун ја наследи власта од својот татко.

За текот на подготовките на изборите погледнете ги фотографиите: