/ Прочитано:

4.253

(ФОТО) Јохан Тарчуловски пристигна во Македонија

Четврток, 11 април 2013 – По 8 години, колку што помина во затвор, Јохан Тарчуловски кој од судот во Хаг беше осуден за воени злосторства, пристигна во Македонија. На аеродромот „Александар Велики“ го пречека семејството, но  и голем број граѓани кои сакаа лично да му посакаат добредојде. Во одборот за дочек беше и премиерот Никола Груевски како и повеќе министри и пратеници. По осум години поминати во затвор порача дека поддршка од народот иако бил далеку многу му значела и таа му била се. „Се докажало на времето и се докажува и денеска дека жртвата за Македонија нема цена“, рече Тарчуловски. 

Пред насобраните граѓани на скопскиот аеродром „Александар Велики“ Јохан Тарчуловски им изрази голема благодарност на сите македонски бранители. Тарчуловски порача дека нивното дело треба да се почитува и цени.

„Помина долго време, ми недостасувавте, ми недостасуваше Македонија. Им благодарам на сите. Да живее Македонија“, рече Тарчуловски.

По пречекот на скопскиот аеродром, Јохан имаше средба со премиерот Никола Груевски, по што положи цвеќе пред споменикот на „Македонските бранители“. Дочекот продолжи на плоштадот Македонија каде беше организирана прослава во чест на враќањето на Тарчуловски.

Одлуката на Хашкиот трибунал за предвремено ослободување на Тарчуловски следува по барањето на адвокатскиот  тим , бидејќи Тарчуловски го исполни главниот критериуми, односно одлежа две третини од казната. Покрај ова, во предвид било земено  и неговото добро поведение.

Eдинствениот македонски државјанин осуден за воени злосторства

Судскиот процес против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски е единствениот од вооружениот конфликт од 2001 година и единствениот од Македонија, кој заврши на Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг.  Процесот започна на 16 април 2007 година и заврши за една година. На 10 јули 2008 година, судскиот совет се произнесе со пресудата со која го ослободи од обвинение поранешниот министер за внатрешни работи го Бошкоски од сите обвиненија, а Тарчуловски кој за време на конфликтот беше службеник од повисок ранг во службата за обезбедување на Македонија беше осуден на казна затвор од 12 години врз основа на индивидуална кривична одговорност  (член 7 (1) од Статутот на меѓународниот суд) за:

Одбраната на Тарчуловски се жалеше на оваа одлука, но жалбениот совет ги одби сите основи за жалба и ја потврди казната. Претседателот на Меѓународниот суд издаде решение, со кое ја определи Германија за држава каде ќе ја издржува казната.

 >> Одлуката на Хашкиот трибунал за предвремено пуштање на Тарчуловски од затвор.