/ Прочитано:

1.394

(ФОТО) Новите адвокати дадоа свечена заклетва

Во септемвриската сесија педесет и два адвокати добија лиценци за вршење адвокатска дејност.

foto akademik

Адвокатите дадоа свечена заклетва дека должноста ќе ја извршуваат совесно и дека ќе се придржуваат на Уставот, законите, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, Статутот на Комората, Кодексот на адвокатската етика и дека во сите свои постапки ќе внимаваат на угледот на адвокатурата како јавна служба.

foto akademik

„Бидете горди претставници на македонската адвокатура! Во судница настапувајте секогаш со исправена глава и немојте да дозволите никој да ви наредува како да се однесувате. Интересот на клиентите нека ви биде примарен и тој нека ве води во вашата кариера – не само пред судовите и други институции туку и пред вашите колеги. За да бидете добри адвокати, секогаш треба да бидете подготвени, дури и поподготвени од судијата кој ја води постапката….“

foto akademik

„…Тоа е единствениот начин да знаете дека совеста ви е мирна и дека сте го исполниле успехот во вашето застапување. Тоа што посебно сакам да ви го нагласам е – имајте почит кон Адвокатската комора, имајте почит кон организацијата што ги доделува, но и ги одзема лиценците во случај да не ја почитувате и да се однесувате недолично“, им порача на новите адвокати претседателот на Адвокатската комора на РМ (АКРМ), Никола Додевски.

foto akademik

Додевски  истакна дека и во судницата и надвор од судницата адвокатот мора да биде достоинствен и во клиентот единствено да гледа човек кому му е потребна стручна и професионална адвокатска услуга.

foto akademik

„Никогаш немојте да се служите со недозволени средства, никогаш во судницата и надвор од неа немојте да се служите со ништо што не е дозволено со законите, а особено со адвокатската етика, која сите вие имавте можност да видите колку ја познавате и која во практиката ќе мора да ја применувате многу постриктно. Секогаш штитете ги достоинството и угледот на адвокатурата“, истакна претседателот Додевски, посакувајќи на новите адвокати многу успех во работата.

foto akademik

foto akademik

foto akademik

foto akademik

foto akademik

foto akademik

foto akademik

foto akademik

foto akademik

М.В