/ Прочитано:

2.716

(ФОТО) Новогодишни желби на студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“

Новогодишните желби на студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ осамнаа на елката поставена во холот на факултетот, за која некој од студентите во својата новогодишна желба напишал дека е најсветлата точка на факултетот .

akad 7

Како и секоја година, традиционално и оваа година студентите на Правниот факултет преку своите новогодишни пораки ги истакнуваат своите желби за во новата година, на кои може да се прочитаат интересни , хумористични и сатирични пораки. Дел од нив се:

akademik1

„За Новата година сакам да ги положам сите испити со десетки, исто како лани.“

???

„Сакам да го положам испитот кај професорот Гроздановски.“

akad 5

„Не постои Дедо Мраз – постои Драги.“

„Сакам да падне снег и  1000 денари кои ми требаат за ЕКТС.“

akad 4

„Милена за професор“

„Да положам економика кај Кандикјан со 10-ка.“

akad 3

„Смилувајте се да дипломирам, аман веќе, џабе гласав за ВМРО.“

„Сакам Тамара да си фати дечко – добро граден и со факултет.“

akademik..

„За Новата година сакам да ги положам испитите и сакам многу мусли.“

„Сакам Ненад Гавриловиќ да биде декан и да ги предава сите предмети.“

akad 2

„Сакам да ги положам испитите и ќе ми недостасува асистентката Шапкова.“

„Елката е најсветлата точка на факултетот.“

akademik1

М.В