/ Прочитано:

797

(ФОТО) Силна уметничка симболика: Споменик за жртвите на Брејвик во Норвешка

Петок, 7 март 2014 – Победничкиот концепт на Меморијалната награда 22 јули во Норвешка е авторство на шведскиот уметник Јонас Далберг и претставува споменик во спомен на жртвите Брејвик.

Според уметничкиот концепт на авторот, споменикот ќе се изрази со сечење на парче од 1.000 кубни метри од карпа на островот Утоја, каде Андерс Беринг Брејвик изврши масовно убиство, за да се остави вечна трага во пејзажот.

Всушност, ова претставува асоцијација на „рана“ која треба да ја претстави болката направена денот кога во Норвешка беа убиени многу млади луѓе.

Потоа, парчето камен ќе се однесе на местото каде Брејвик ја детонираше бомбата во централно Осло, каде од него прво ќе се направи меморијална патека, а потоа и постојан амфитеатар насловен „Време и движење“.

Со тоа трагедијата, како што вели уметникот, ќе остане вечно обележана во изгледот на земјата.