/ Прочитано:

1.944

Во тетовско Горно Седларце и Желино приведени 22 танчерки и пејачки

Четврток, 26 декември 2013 – Во полициски контроли во два угостителски објекти во тетовските села Горно Седларце и Желино приведени се 22 девојки, албански и македонски државјанки и една бугарска државјанка, кои работеле како пејачки и танчерки.  

Во раните утрински часови на подрачјето на Тетово беа спроведени акциски контроли во два угостителски објекти, „Кораби“ во село Горно Седларце, сопственост на З.Л.(36) од Тетово и во угостителскиот објект „Желина“ во село Желино во сопственост на Ш.И (33) и М.Ф (22),  двајцата од Желино.

Во првиот објект биле  затекнати, а потоа и приведениседум девојки од Република Албанија и една од Република Бугарија, додека пак во вториот локал затекнати се шест албански и осум македонски државјанки.

Сите девојки, кои претежно биле ангажирани како пејачки и танчерки заедно со сопствениците на објектите се приведени и задржани во Секторот за внатрешни работи Тетово, за натамошна постапка во Отсекот за странци и реадмисија.

По целосно расчистување на случаите против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.