/ Прочитано:

632

Германски инвеститори: Правната сигурност, администрацијата и платежната дисциплина се најголем проблем во Македонија

Петок, 11 април 2014 – Правната сигурност, администрацијата, платежната дисциплина и транспарентноста на јавните набавки се проблемите на кои најмногу се жалат инвеститорите од Германија во Македонија.

Во анкетата што секоја година се прави од страна на Македонско-германското здружение, и покрај посочените проблеми, тие ја оценуваат економската состојба во земјава како поповолна во споредба со претходните години.

Компаниите ја оценуваат администрацијата со 3,37, при што 1 е најдобра оценка, а 5 најлоша, а најлоша оценка од 3,68 доби платежната дисциплина на македонските правни субјекти.

Резултатите се позитивни во однос на даночното оптоварување, кое е оценето со 2,61. Трошоците на трудот и квалификуваноста на работниците и високото образование се оценети со 2,7.

На прашањето дали ќе го задржат бројот на вработени, една третина од германските компании дале одговор дека планираат да го зголемат бројот на вработени, 50 отсто одговориле дека бројот ќе остане непроменет, а 7 отсто се изјасниле дека ќе има намалување на бројот на вработени.