Гостиварец, кој се борел против Асад, убиен во Сирија
Вторник, 28 мај 2013 – Албанец од Гостивар е убиен во Сирија, јави „Алмакос“, интернет страница на албански јазик, повикувајќи се на сигурни извори.
Според информацијата, проследена и со фотографија, станува збор за Расим Н. кој бил член на бунтовничкото движење во Сирија „Јабха ел-нусрах“ и се борел против власта на претседателот Башар ал-Асад.
Според американски безбедносни служби, се работи за движење блиско на Ал каеда. Расим е првиот доброволец од Македонија кој е убиен во Сирија, објави „Алмакос“.