/ Прочитано:

975

Основниот суд во Гостивар се поднови со печатачи, скенери и компјутери

Понеделник, 20 мај 2013 – Основниот суд во Гостивар доби донација компјутери и опрема вредна 30 илјади евра, од Владата на Турција. 

Основен суд Гостивар

Гостиварскиот Основен суд се модернизира со нова компјутерска опрема. Донацијата компјутери, печатачи и скенери, вредна скоро 30 илјади евра, која е обезбедена преку Турската владина агенција ТИКА денес беше предадена на судот. 

„Сметам дека правдата значи цивилизација и затоа ние и понатаму ќе продолжиме да ги помагаме палатите на правдата со донации. Новата опрема во голема мера ќе придонесе за да се подигне квалитетот на работата во судовите“ , изјави Махмуд Чевик, координатор на ТИКА. На доделувањето на донацијата освен домаќините и донаторите присуствуваа и Министерот за правда Блерим Беџети и претседателката на Судскиот Совет Александра Зафировска.