Граѓанството на БиХ бара по итна постапка да се донесе Законот за матичен број
Вторник, 11 јуни 2013 – Студенти, претставници на невладиниот сектор, пензионери, земјоделци, таксисти излегоа на протести пред зградите на заедничките институции на БиХ во Сараево. Демонстрантите чија бројка надмина 3.000, бараат по итна постапка да се усвои Законот за матичен број кој не е на сила од 12 февруари.
Освен усвојување на законот, демонстрантите бараат и формирање Државен фонд за солидарност од кој би се помагало за лекување на граѓани на државата. Од парламентарците бараат откажување од 30 отсто од своите примања до крајот на мандатот во корист на тој фонд.
Протестите почнаа на 5 јуни, чашата се прелеа кога сериозно болно тримесечно бебе поради немање на матичен број не можеше да биде испратено на лекување во странство.