/ Прочитано:

911

Грција: Доживотна казна за крадците кои користат тешко оружје

Вторник, 8 декември 2013 – Грчките законодавци им објавија војна на вооружените крадци кои користат пушки или друго тешко оружје. Имено со нацрт законот што тамошното Министерството за правда планира да го поднесе до Парламентот во наредните денови, овие криминалци можат да добијат  доживотна казна затвор ако бидат осудени.

Според нацрт законот објавен во понеделникот, новите казни ќе важат за оние кои ги користат калашников, пушка и други слично оружје. Според постојните законски решенија казните во вакви случаи се движат од 10-25 години.

Реформата е одговор на Владата на серијата насилни грабежи извршени од напаѓачи вооружени со калашникови и друго автоматско оружје, воглавно купени на црниот пазар по ниски цени.

Бројот на вооружени грабежи во Грција нагло се зголеми во последниве три години, особено во Атина и во другите големи градови. Ваквата состојба и се препишува на  финансиската криза во оваа земја.