/ Прочитано:

808

ГРУЕВСКИ И ЗАЕВ ЌЕ СЕ СООЧАТ НА СУД: Премиерот бара отштета од половина милион евра

Петок, 30 мај 2014 – Премиерот Никола Груевски денеска ја потврди информацијата дека поднел тужба против лидерот на СДСМ Зоран Заев за обвинувањата околу продажбата на „Македонска банка“ и дека бара отштета од 500 илјади евра.

„Вистина е дека ќе побарам отштета од 500 илјади евра“, изјави денеска во Скопје премиерот Никола Груевски, откако беше обелоденето дека тој поднел тужба за клевета против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за изнесените наводи во врска со случајот „Македонска банка“.

 Груевски додаде дека Заев нема потреба да се плаши ако е точно тоа што го обелоденил.

Лидерот на СДСМ, објави снимка за која вели дека бил снимен Груевски како преку посредник ја договарал продажбата на „Македонска банка“ на српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ Нини.

 Првото судско рочиште за овој случај е закажано за 19 јуни.