Имплементација на проектот „Одбиј работа на црно!“
Среда, 17 април 2013 – Проектот „Одбиј работа на црно!“ кој денеска ќе биде промовиран во Скопје, има за цел едукација на младите и нивно запознавање со основните права од работен однос, законите за работните односи, за безбедност и здравје при работа, за агенциите за привремени вработувања и другите закони од областа на трудот.
За имплементацијата на проектот ќе информираат Министрите за труд и социјална политика и за образование и наука, Спиро Ристовски и Панче Кралев.
Проектот „Одбиј работа на црно!“ почна да се имплементира минатата година.