/ Прочитано:

1.004

ПРЕСУДА: Силувачите на студентката во Индија соочени со смртна казна

Вторник, 10 септември 2013 – Индискиот суд денеска ги прогласи за виновни четворицата мажи кои силуваа студентка во автобус во Њу Делхи, притоа нанесувајќи и смртоносни повреди. За злосторството што ја згрози целата светска јавност, а предизвика и демонстрации во Индија, на обвинетите им се заканува смртна казна со бесење.

Според пресудата, четворицата мажи се виновни по сите точки од обвинението, вклучувајќи силување и убиство.

Изрекувајќи ја пресудата, судијата Јогес Хана истакнал дека обвинетите сториле „убиство на беспомошно лице“.

Светските медиуми јавуваат дека пред судницата се собрале демонстранти кои по дознавањето наа одлуката на судот, скандирале: „Обесете ги! Обесете ги! “

Семејството на убиената 23-годишна девојка чие име не смее да се обелодени од правни причини со солзи во очите ја дочекало пресудата.

„За она што се случи со неа, овие животни мора да биде обесени. Ништо друго освен на смртната казна не е прифатливо за нас“, изјавил таткото на девојката по излегувањето од судницата.

Според адвокатот на обвинетите А. П. Синг, осудените се невини.

„Тие се обвинети само за да се задоволи јавноста“, вели Синг за новинарите.

„Ова беше неправедно судење“, додава тој најавувајќи жалба.

Случајот што предизвика меѓународен бес и протести се случи на 16 декември минатата година. Имено, студентката по медицина  која во приватниот автобус влегла со својот пријател, беше силувана и тепана, а почина две недели подоцна од здобиените повреди. Нејзиниот пријател, пак, беше тешко повреден.

Во текот на судењето кое траеше 7 месеци, сите четворица обвинети ги негираа обвиненијата, а на 31 август годинава Судот го осуди последниот обвинет кој за време на извршување на кривичното дело имал 17 години, односно бил малолетник. Тој доби три години во поправен дом.

Шестooбвинетиот, возачот на автобусот, во март беше пронајден обесен во неговата затворска ќелија.

Бруталното убиство предизвика битни промени индиското законодавство, па така беа воведени судови за итни случаи, кога се работи за силување, а стана збор и за специјален суд во кој ќе работат само жени. Со новиот закон за повторно осудените за силување, кое довело до смрт на жртвата, е воведена смртна казна, а се криминализираат следење, воајерство, како и сексуално вознемирување, додека