/ Прочитано:

1.191

Интерпол се вклучи во потрагата по Дениса Маркоска

Петок, 26 септември 2014 – Интерпол се вклучи во потрагата по дваесет и тригодишната Дениса Маркоска, која мистериозно исчезна од брод за крстарење во близина на Крит.

Во објавата се наведува дека дваесет и тригодишната Маркоска е висока 165 сантиметри, тешка 50 килограми, со кафеава коса и сини очи.  Датум на исчезнување – 12 септември, место на исчезнување – морето помеѓу Карпатос и Крит.

Сите што имаат некакви податоци за неа, се замолуваат да ја контактираат локалната полиција или директно Генералниот секретаријат на Интерпол.

Истрагата за тоа што се случило со прилепчанката која две години работела на бродот за крстарење се’ уште трае, а семејството се надева на некакви податоци кои можат да ја расветлат нејзината судбина.

Дениса исчезна ноќта помеѓу 12 и 13 септември од бродот „Серенисима“. Грчката крајбрежна стража вршеше активна потрага по Дениса во првите денови од нејзиното исчезнување, а оттогаш се спроведуваат редовни патроли во текот на денот, но со акцент на местото каде што се претпоставува дека исчезнала.