/ Прочитано:

706

ИОК воведе клаузула против дискриминацијата

Четврток, 25 септември 2014 – Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) воведе клаузула против дискриминацијата од кој било тип, која ќе биде вклучена во договорите со идните домаќини на Олимписките игри.

ИОК сака со тоа да ја одбегне бурата која се подигна во пресрет на Олимписките игри во Сочи оваа година, затоа што домаќинот на ова натпреварување, Русија воведе закон против пропагирање на хомосексуалноста.

Портпаролот на ИОК, Марк Адамс рече дека клаузулата се базира на Повелбата на Комитетот во која се вели дека секоја форма на дискриминација е во спротивност со олимпиското движење.