ИЗМЕНА НА ТЕКСТОТ „Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во јуни 2023 година“
Почитувани читатели,
Во врска со текстот „Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во јуни 2023 година“ објавен на Академик на 31 мај 2023 година, ве известуваме дека рокот 1 јуни 2023 година за одредбите од Правилникот за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција е продолжен за 1 година, односно до 1 јуни 2024 година, согласно со измената на овој Правилник објавена во попладневните часови во „Службен весник на РСМ“ бр. 112/2023 година од 31 мај 2023 година.
Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во јуни 2023 година