/ Прочитано:

1.344

„Jan Trzaskowski“: Мозокот за е-трговија доаѓа во Скопје

За неполн месец светската правна елита пристигнува во Скопје на првата регионална конференција за управување со правните ризици во организација на АКАДЕМИК. На 24 и 15 октовмри реномирани правници од светски ранг во хотелот „Александар палас“ ќе ги споделат своите искуства.  Денеска ви го претставуваме, угледниот  професор од Данска, Jan Trzaskowski, кој ќе зборува за управувањето со ризици при меѓународна електронска трговија.

Jan Trzaskowski, угледниот професор од Копенхаген го нарекуваат уште и „мозокот“ за е-трговија и Интернет законите.

Вистински научник за правните аспекти на новата технологија, маркетинг законите, нелојалната конкуренција и приватноста, меѓународното право и конфликти на правото, управувањето со правните ризици како и за алтернативи на авторски права.

Невообичаено, но Trzaskowski всушност е спој меѓу науката и уметноста. Освен копмјутерскиот свет, негова пасија е и фотографијата. Од модни ревии, актови, спорт, музички настани па се до данската природа, неговиот објектив го лови секојдневието и битните настани во Копенхаген. 

„Извршувајќи ги задачите во поставените рокови“, ова негово мото со години го следи низ плодната кариера. Себеси се ошишува како аналитичен, структурен и љубопитен. Во неговото работно досие, стои и улогата како предводник на истражувањето за  „Управувањето со ризици при меѓународна електронска трговија“, при Law Department of Copenhagen School. Долги години се занимава со ИТ закони, а неговото искуство го стекнал во данското Министерство за бизнис и индустрија како и во специјализирана адвокатска компанија во Копенхаген. 

Веслање и џогирање, се двете спортски активности што го хранат неговиот спортски дух. Влубен во музиката и филмот, речиси не поминува културен настан во главниот град во Данска, на кој тој не присуствува. Покрај љубовта и страста спрема уметноста, на своите неполни 20 години, од средината на 90-тите почнува да се занимава со правни аспекти на новата технологија. На странските и на домашните универзитети во Данска, предава уште од 1996 година. Денес, членува во многу бројни приватни и јавни иницијативи за правните аспекти на новата технологија , вклучувајќи ги и информатичката технологија и електронската трговија.

Тој одигра важна улога во сегмент од данското законодавство. Беше уредник на данската водечка расправа за Законот за интернет. Неговото реноме се издигна уште повеќе откако се појави и како автор на многубрајни статии и извештаи за рекламирање, електронска трговија и Законот за интернет. 

Тој е основач на непрофитната организиција „Creative Commons Denmark“ што овозможува споделување и користење на креативност и знаење преку бесплатни правни алатки. Исто така тој беше шеф на данската делегација на  преговорите за електронска трговија (Директива 2000/31 ) и лидер на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) давајќи насоки за заштита на потрошувачите во контекст на електронска трговија во 1999 година. 

Тој не само што е популарен како професор туку и одличен писател кој зад себе има оставено две научно-популарни дела. 

Од времето на неговите студии, меѓу првите негови хонорари е создавањето на комјутерската програма (Commodore 64/128 Assembler & BASIC). Со текот на времето, кај него интересот за програмирање исчезнал, но неговата фасцинација за новата технологија сѐ уште претставува движечка сила во неговите истражувања и во праксата со правните работи.

>> Резервирајте место уште денеска на најзначајната правна конференција во регионот за 2013 година, не ја пропуштајте единствената можност да присуствувате во центарот на правото во Јужна Европа.