/ Прочитано:

789

Јавен повик за учество во програма за практикантска работа за млади правници

Во рамките на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права, се објавува јавен повик за учество во Програмата за практикантска работа за млади правници. Програмата има за цел континуирана и подобрена едукација на младите правници во областа на правната заштита на човековите права.

akademik foto 1

Во периодот од ноември 2016 до јуни 2017 година, Програмата ќе ги опфати следните градови: Скопје, Битола, Штип, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и Струмица. При аплицирањето, кандидатите задолжително треба да го наведат градот во кој се заинтересирани да ја извршуваат праксата.

Услови за учество:

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • завршени три години од студии по право (180 кредити);
  • да покажат интерес во областа на човековите права;
  • основни познавања од областа на заштитата на човековите права;
  • познавање на англиски јазик.

Од кандидатите се очекува спремност да се обврзат за учество во текот на целокупното траење на циклусот од два месеца практикантство.

За учесниците во Програмата предвиден е фиксен месечен паричен надомест.

МЗMП ги повикува сите заинтересирани, проактивни млади правници (вклучувајќи ги и студентите на постдипломски студии по право) да испратат свое резиме/CV и мотивационо писмо (не подолго од една страница) на електронската адреса: contact@myla.org.mk или на адреса ул. „Златко Шнајдер“ 4 a-1/3,1000 Скопје, најдоцна до 20 октомври 2016 година.

За повеќе информации можете да го прочитате повикот кој е во прилог или слободно да ни поставите прашање  на contact@myla.org.mk.