/ Прочитано:

2.323

Јавна расправа по предлог амандманите на КЗ и другите закони кои се однесуваат на кривичните дела од омраза

Преку соработка и поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ се одржа јавна расправа по предлог амандманите на Кривичниот законик и други закони кои се однесуваат на кривичните дела од омраза.

На јавната расправа учествуваа судии од кривичните оддели и јавни обвинители од сите инстанци, како и претставници на сите релевантни институции. На почетокот на настанот, Томе Шеќерџиев од Мисијата на ОБСЕ од Скопје го нагласи значењето на јавната расправа, која беше во функција на содавање конструктивна дебата и давање на предлози и сугестии за изнаоѓање на квалитетни и применливи законски решенија, и тоа од практичен и теоретски аспект.

Предлог амандманите на Кривичниот закон што се однесуваат на кривичните дела од омраза

Владо Камбовски, претседавач на Работната група за ревидирање на законските одредби кои се однесуваат на кривичните дела од омраза, појасни дека во рамките на  Работната група за ревидирање на одредбите за криминал од омраза основана во февруари 2015 година беа изработени неколку анализи на законодавството за криминал од мраза на земјите од регионот но и земји кои бележат добри резултати во ефективната борба против криминал од омраза. Камбовски ги претстави и амандманите за потребните законски измени, како и потребните мерки за ефикасно спроведување на законските одредби.

Концепти кои доааѓаат од природното право, а треба да бидат законски „видливи“

„Република Македонија како потписничка на првите и како држава-кандидат за членство во ЕУ е обврзана да го интерполира концептот на делото на омраза во своето казнено законодавство и да обезбеди ефикасно откривање и гонење на таквите дела. Дотолку повеќе што таа, како мултиетничко, мултиконфесионално и плурално општество, е повикана со ефикасни правни инструменти да се справува со различните предизвици што ја загрозуваат еднаквоста на човековите слободи и права, индивидуални и групни, со дискриминацијата и другите форми на криминал 1 OSCE – Office for Democratic Institutions and Human Rights (ODIHR): Hate Crime Laws: A Practical Guide 2 предизвикани од непријателски однос кон другиот поради неговата припадност кон определена социјална група, за на тој начин да обезбеди внатрешна хармонија и стабилност во духот на мултикултурализмот и внатрешната интеграција на општеството“, истакна академикот Камбовски.

Камбовски нагласи дека концептот на заштита од криминалот на омраза доаѓа од природното право, од разумното расудување и однесување, додавајќи дека поставувањето на ефикасен модел на спречување на делото на омраза се соочува со одредени специфичности, што овој облик го разликуваат од другите видови криминал.  Врз основа на сите тие проучувања, истакна Камбовски, констатирано е дека тој концепт се уште не заживеал во практика и дека има потреба со соодветни измени во КЗ тој феномен на дело од омраза да се направи видлив за органите на откривање и гонење на криминалот.

„Тоа се причините поради кој е подготвен предлогот за измени на КЗ во таа смисла што кај некои типични случаи на дела од омраза таквите дела ќе бидат предвидени како посебни квалифицирани облици на некој дел, од посетниот дел на КЗ, нагласи Камбовски.

Дефиниција на поимот кривично дело од омраза

Тој истакна дека поимот „кривично дело од омраза“ се дефинира како дело, мотивирано со непријателски однос, пристрасност или предрасуди кон жртвата како припадник на определена социјална група, или кон самата социјална група, изрично предвидено со закон како казнено дело.

„Оваа дефиниција содржи три елементи: омраза, (по правило) насилство и посебен основ за дискриминација на жртвата како припадник на определена група. Во општа смисла, омразата е дефинирана како чувство на одбојност спрема некого или спрема нешто или како “длабоко, трајно и силно чувство кое предизвикува анимозитет, лутење и непријателство спрема лице, група или предмет”. Најчесто, омразата не е некое привремена емоционална состојба, туку траен став на лицето кон 4 друго лице, група или предмет. Омразата е негативно чувство на непријателство, аверзија, одбивност или негирање на друг, засновано врз предрасуди за кои било разлики меѓу луѓето и општествените групи- национални, етнички верски и други. Како негативна емоционална состојба, таа може да биде насочена против групата, но не и против поединецот кој се појавува како случајна или избрана жртва на неговото дело“, рече Камбовски.

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска истакна дека клучно е да се подигне свеста кај домашните судии и обвинители,  што е и целта на ваквите настани. Таа нагласи дека, во таа насока мора како  да се разбере концептот на криминалот од омраза, согласно Меѓународни документи и стандарди кои преку Европската Конвенција за човекови права кои ги има прифатено Република Македонија.

Кривичноправен, но и социо-културолошки феномен

„Целните групи треба да се сензибилизираат за овој феномен. Овој феномен не е само кривично­правен, туку и социолошки, културолошки, образовен и во последно време со глобализацијата и масовните комуникации, особено интернетот и социјалните мрежи добива се поопасни облизи и размери, поради брзината на информацијата која се пренесува, а и поради тоа што говорот лесно ескалира во се поопасни форми на ансилство, се до поттикнување на тероризам, убиства и насовни деструкции, рече Арнаудовска. Овие обуки, како што додаде, детектираат и некои од проблемите за ваквата состојба и причините за скромниот број на предмети кои се окарактеризирани како криминал од омраза. ­ Како резултат на овие обуки беше воочена потребата од измена на кривичното закондавство, како и другите закони кое ќе соведе до поуспешно процесуирање на случаите на криминал од омраза, истакна Арнаудовска.

На расправата беше порачано дека говорот на омраза треба да се гони по службена должност, претставниците на невладиниот сектор побараасексуалната ориентација да биде инкорпорирана со точната и коректна меѓународна терминологија и конотација во законодаватвото во таа насока, потоа во целост да биде примената на Конвенцијата на правата за лицата со хендикеп, а се нагласи дека потребно е да постои силен систем на на заштита на жртвите.

Предлог – амандмани за измена на КЗ

М.В