/ Прочитано:

1.097

Јавно си ја запалил дипломата после 27 години работа во државна служба

Четврток, 6 март 2014 – Полициски службеник од Србија јавно си ја запалил дипломата од Факултетот за одбрана, во знак на протест против лошата кадровска политика и протекциите на нестручните кадри.

„Јавно ја спалувам оваа стекната диплома од Факултетот за одбрана во име на сите оние кои не ги ценат и не им се признава знаењето и стручноста. Јас 27 години сум окарактеризиран како неподобен, додека напредуваат оние кои завршиле виши школи по некои села“, изјавува за весникот Блиц револтираниот службеник.

Тој тврди дека опструкциите против него започнале пред десет години затоа што имал поднесено кривични пријави против одговорни лица од некои авто-школи, кои пак како локални моќници биле блиски со началникот на Сообраќајната полиција.

Од тој момент, како што вели службеникот, тој постојано бил под немилост на надредените лица во службата и тоа преку намалување на платата до неможност за напредување во кариерата и покрај визокообразовните и стручни квалификации.