/Прочитано:

1.257

„Кампања“: Врховен ја потврди петгодишната затворска казна за Љубе Бошкоски

Вторник, 14 мај 2013 Врховниот суд ја потврди петгодишната затворска казна за Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“. Бошкоски е осуден за зло­у­пот­ре­ба на службената положба и за незаконско финансирање на кампања. Одбраната шокирана од ваквата одлуката,  правдата најверојатно ќе ја бараат во Стразбур. 
„По барање на осудениот Љубе Бошковски за преиспитување на правосилната пресуда поднесено преку неговите бранители со пресуда на Врховниот суд на РМ, барањето се одбива како несновано“, стои во пресудата на Врховниот суд на РМ.

Адвокат Владимир Ракочевиќ кој е дел од адвокатскиот тим на Бошкоски, вели дека одбраната се уште не ја добила пресудата, но дека „ниту на сон не сонувал за ваква одлука“ и дека најверојатно правдата ќе ја бараат во Стразбур. Претходно скопска Апелација му ја намали затворската казна на Бошкоски за 2 години. Лидерот на Обединети за Македонија со простепената пресуда беше осуден на единствена затворска казна од 7 години. Во одлуката, апелационите судии како олеснувачки околности беше земена во предвид возраста на Бошкоски, фактот дека се работи за семеен човек, неговата неосудуваност и држењето пред судот. На Бошкоски во моментов му се суди за случајот „Ровер“.

 

Спонзориран текст