/ Прочитано:

1.114

Канал 5: На чело на ДИК најверојатно ќе седне судија

Понеделник, 21 октомври 2013 – Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска ја констатира оставката на претседателот на ДИК, Борис Кондарко. Првиот човек на ДИК во петокот до Собранието достави барање за предвремен престанок на неговата функција.

„Во СДСМ велат дека во тек се консултациите на највисокото раководство околу изборот на кандидатот за нов претседател на ДИК. Додаваат дека чекаат Собранито да го распише огласот и потоа да ги повикаат сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите предвидени во изброниот законик да се пријават. Неофицијално во јавноста се говори  дека социјалдемократите новиот претседател на ДИК ќе го бараат меѓу судиите“, пишува „Канал 5“.

Во соопштение до медиумите , Борис Кондарко информираше дека оставката ја поднесува од лични причини. Кондарко беше член и претседател на ДИК на предлог на опозициската СДСМ.