Уапсените ракометари Карабатиќ се бранат со молчење, им се заканува затворска казна до 5 години
Понеделник, 1 октомври 2012 – Хрватска ја тресе скандалот со апсењето на браќата ракометари Никола и Лука Карабатиќ. Насловните страни на француските медиуми се преполни со информациите за полициското сомнение дека тие наместиле натпревар за да профитираат од француските обложувалници. Браќата ракометари одлучиле да молчат пред истражните органи, а им се заканува затворска казна до 5 години, пренесува хрватскиот магазин „Јутарњи лист“.
Браќата на сите прашања на инспекторите останале неми, а со тоа според хрватските медиуми го потврдуваат сомнежот за нивната вина во веројатно најголемата афера во историјата на ракометот.
Oдбраната: Браќата се обложувале, но не местеле натпревари
Адвокатот на ракометарите, Ерик Дупонд Морети изјавил дека браќата се обложувале, но не наместиле ниту еден натпревар и како сето ова не е вистина.
Уапсена е и девојката на Лука Карабатиќ и моментално е суспендирана од работното место како водителка на францускиот ТВ канал „TНТ НРЈ12“. Се очекува во полициската станица да ги објасни околностите за кои е осомничено нејзиното момче. Од францускиот ракометарски клуб „Монпелје“ најавија прес конференција во текот на денот.
Ракометарите на „Монпелје“ се осомничени дека учествувале во местењето на натпреварот од 24 коло на француската лига против екипата на „Сесон Севињо“ во Рен, во кој што изгубиле со 31:28, коефициентот за победа бил 45, а натпреварот се одржал во мај годинава.
Спорниот натпревар на кој „Монпелје“ му гостувал на “Сесон“ веќе ја имал обезбедено титулата, а дел од големите ѕвезди не настапиле наводно поради повреди. Сепак на големо изненадување во тоа коло од првенството домаќините издвојувале победа.
Хрватските медиуми потсетуваат дека Никола Карабатиќ го има направено најголемиот трансфер во ракометот. Заработувал по 25 илјади евра месечно.
„Френс 3“: Освен браќата вплеткани и уште 6 соиграчи
Според француската телевизија „Френс 3“ во „обложувачкиот скандал“ освен хрватските браќа вплеткани се уште 6 нивни соиграчи. Телевизијата се уште официјално не потврдува дали меѓу нив се и двајцата француски играчи што освоија медал ова лето на олимписките игри во Лондон, Самјуел Онрубија и Вилијам Аканбре, а го споменуваат и Младен Бојиновиќ, интернационалецот кој минатата година играше за „Монпелје“. Според телевиизијата сопругите и девојките на осомничените по нивна директива уплатиле 5000 евра во три француски обложувалници, а сите заедно заработиле 200.000 евра.
Скандалот може да го распушти клубот „Монпелје“
Хрватската и француската спортска публика е запрепастена од овој скандал. Се прашуваат како е можно некој кој освоил две европски, две светски и две олимписки злата да се понижи толку.
Во Франција на 1 февруари 2012 година стапи на сила Законот за етика во спортот и борба против корупцијата и допингот. Според законските рамки, местењето на спортски средби се казнува со 15.000 евра парична казна како и затворска казна. Што се однесува до клубот „Монпелје“, овој скандал може да го чини суспендирање, одземање на шампионска титула или пак во краен случај распуштање на клубот.