/ Прочитано:

11.202

КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета

Одделот за граѓански дела при Врховниот суд на Република Македонија донесе правно мислење во врска со надоместокот на штета причинета од каснување од куче скитник.

slika

Кој е пасивно легитимиран во споровите за надомест на штета од гризнување на куче скитник, дали општината, Градот Скопје за штети причинети во Скопје или Комуналното претпријатие кое врши комунална дејност, или пак постои солидарна одговорност на сите овие субјекти за причинетата штета?

Ова прашање го доставиле апелационите судови на територијата на Република Македонија до Врховниот суд на Република Македонија – Одделот за судска практика, со цел Врховниот суд да даде правно мислење за посоченото прашање. Причините за доставувањето на барањето за правното мислење, како што посочуваат апелационите судови, е поради „воочената неконзистентна примена на законот“.

Одделот за граѓански дела при Врховниот суд на Република Македонија расправал и донел правно мислење во врска со ова прашање. Во него се наведува:

Солидарно одговорни за надомест на штета причинета од каснување од куче скитник се општината, односно Градот Скопје и Јавното комунално претпријатие или друго правно лице, на кое со договор му е доверено собирањето на кучиња скитници и нерегистрираните кучиња.

„Поаѓајќи од фактот дека општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје имаат утврдена законска надлежност да вршат собирање на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња и привремено да  ги сместат во соодветни објекти – прифатилишта, како и од фактот дека уловување и ерадикцијата на животните скитници претставува комунална дејност, за која општината, општините во Градот Скопје и Градот Скопје може да основаат јавно претпријатие или вршењето на оваа дејност да го доверат на правно лице, следуваше да се донесе правното мислење, како што е погоре наведено. Оттука, прашањето за постоењето на солидарната одговорност на општината, односно Градот Скопје и Јавното комунално претпријатие, судовите ќе треба да го расчистуваат преку утврдување на фактот дали општината, односно Градот Скопје со договор ја пренел (доверил) надлежноста на собирањето на кучиња скитници и нерегистрираните кучиња“, се вели во образложението на Одделот за граѓански дела при Врховниот суд.

>>>Правното мислење во целост

ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност

M.В