/ Прочитано:

1.616

КАТАСТАР: Започнува упис на градежно земјиште без утврдена сопственост

Петок, 7 март 2014 – Околу 50 илјади градежни парцели кои се уште немаат утврдено сопственички права, во следниот период ќе бидат запишани во Агенцијата за катастар на недвижности.

Во следниот период Катастарот ќе врши запишување на правата на сопственост на парцели за градежно земјиште за кое не е утврдено на кому му припаѓа.

Во државниот Катастар се запишани 4,2 милиони парцели и за десeтина проценти од нив не фигурира сопственичката структура.

По службена должност ќе се врши изложување на сите недвижности за кои нема документ за сопственост и ќе бидат опфатени 211 катастарски општини во државава со 10- тина илјади парцели.

 „За 40-те илјади парцели граѓаните не треба да поднесат никакви документи, туку Државното правобранителство ќе поднесе барање до Катастарот и тој врз основа на постојната евиденција ќе ги запише овие кориснички права на граѓаните, кои потоа тие ќе може да ги приватизираат пред Управата за имотно-правни работи при Министерството за финансии. За останатите 10 илјади парцели градежно земјиште имаме повик до граѓаните да ја донесат целокупната документација што ја имаат за сопственост за да можат и тие се запишат во Катастарот“ изјави директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески на денешната прес-конференција.

 Јавниот оглас е објавен за катастарски парцели во Кумановско, Велешко и Беровско, додека за општината Маврово-Ростуше повикот ќе биде објавен на 2 јуни.