/ Прочитано:

1.931

Колоквиум во чест на правниот филозоф Роналд Дворкин

Вторник, 4 јуни 2013 – Европското здружение на студенти по право (ЕЛСА) на Република Македонија во соработка со Правниот факултет ,,Јустинијан Први”, денеска со почеток во 13 часот организира колоквиум во чест на еден од најистакнатите правни филозофи на 20-тиот век. Станува збор за ,,Роналд Дворкин“- правниот филозоф кој остана запаметен по неговото предизвикување на судиите. Настанот ќе се одржи во новата сала на Наставно-научниот совет при Правниот факултет во Скопје. 

На колоквиумот ќе зборуваат: Бранко Наумоски – претседател на Уставниот суд на РМ, Лидија Неделкова – претседател на Врховниот суд на РМ, доцент д-р. Каролина Ристова – Астеруд на  Правниот факултет ,,Јустинијан Први”;

Учесниците ќе зборуваат на следниве теми: 

  • Каква е релевантноста на Дворкиновата теорија во судиското расудување и одлучување?
  • Каков е соодносот правни принципи – правни норми во судиското одлучување во Република Македонија?
  • Како се обезбедува униформност на ,,империјата на правото” низ одлуките на Уставниот суд на РМ и Врховниот суд на РМ?
  • Како македонското судство се справува со ,,тешките случаи” и ,,правните празнини”?
  • Меѓу законодавната супрематија и судиската дискреција и активизам: кој е погледот од висините на Уставниот суд и Врховниот суд на Република Македонија?