/ Прочитано:

774

Конференција за европската интеграција низ соработката на парламентите и регулаторните тела

Понеделник, 15 април 2013 – Собранието на Република Македонија и Европското движење во Република Македонија организираат Меѓународна конференција на тема „Европската интеграција низ соработката на парламентите, граѓанското општество и независните регулаторни тела во Југоисточна Европа“, во рамки на македонското претседателство со Процесот за соработка во Југоисточна Европа – ПСИЈЕ кое се одвива под мотото Солидарност во акција.

Се очекува конференцијата да го поттикне дијалогот и размената на искуства и позитивни практики во евроинтеграциските процеси, како и да ја потврди готовноста и капацитетот на Собранието и на Република Македонија за активен придонес на регионалната соработка.

Како што е најавено, на конференцијата ќе се обратат Трајко Вељановски, претседател на Собранието, вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, евроамбасадорот Аиво Орав, амбасадорот на САД, Пол Волерс, германскиот амбасадор Гудрун Штајнакер, генералниот секретар на Меѓународното европско движење Диого Пинто и Милева Ѓуровска, претседател на Европското движење во Република Македонија.

На втората панел дискусија „Демократијата и човековите права меѓу законодавството и општествените практики“ воведни излагања меѓу другите ќе имаат народниот правобранител Иџет Мемети и шефот на мисијата на ОБСЕ, Ралф Брет.

На маргините на конференцијата ќе биде одржан 9. Состанок на работната група на парламентарната димензија на ПСЈИЕ, како и Состанок на европските движења од ЈИЕ, кои се од затворен карактер.