/ Прочитано:

1.833

Конференцијата за управување со правни ризици голем придонес кон креирањето на ваква стратегија во јавниот сектор — Билјана Бришкоска–Бошковски, заменик министер за правда

Конференцијата за управување со правни ризици во организација на АКАДЕМИК може даде голем придонес кон креирањето на ваква стратегија во јавниот сектор на Република Македонија, оценува заменик-министерот за правда Билјана Бришкоска–Бошковски. Станува збор за нова тема, којашто вреди да се промовира, вели во интервјуто за Академик, Бришкоска–Бошковски, која на регионалната конференција одржа воведен говор на тема „Структурно управување со правните ризици во јавниот сектор“.

Како ја вреднувате идејата на АКАДЕМИК во Република Македонија да се одржи конференција на тема „Управување со правните ризици“?

Како што кажав и во моето излагање, значи станува збор за една нова тема во Република Македонија која што вреди да се промовира бидејќи системот на управување со правни ризици повеќе е застапен во приватниот сектор на нашата држава, а помалку во јавниот сектор. Значи идејата е и составување на еден ваков систем во јавниот сектор за што ние сме во една многу рана фаза на имплементација. Нашите натамошни напори би се состоеле од креирање на една стратегија за управување со правни ризици, којашто треба да воспостави систем на чекори, методи и алатки којшто ќе бидат соодветни и којшто ќе можат да одговорат на предизвикот за создавање на еден современ, модерен и одржлив систем на управување со правните ризици по примерот на системите кои фунционираат по примерот на најразвиените земји во светот.

Дали отворањето на оваа тема на токму на оваа регионална конференција може да придонес кон креирањето на ваквата стратегија?

Да, затоа и сме присутни овде. Една ваква конференција може да даде голем придонес кон креирањето на една ваква стратегија за управување со правните ризици во јавниот сектор.

Може ли да се очекува  наскоро иницијатива од Владата на ова поле?

Па мислам дека може да се очекува… Креирањето на една ваква стратегија  подразбира подолг временски период на подготовка, ангажирање на лица коишто и во моментот  – во рамките на своите институции имаат вклучено систем на управување со правни ризици. Во системот на јавниот сектор, воведувањето на квалитетот на работење може е и почеток на управувањето со правните ризици, меѓутоа целокупниот тој систем треба да се надгради со нови алатки и методи со цел да можеме да креираме стратегија која ќе го опфати целокупниот државен апарат. Така што, со време ваквата стратегија како цел ќе биде поставена во рамките на државната управа.

Што мислите за идејата да се отвори можност за вонсудско решавање на споровите помеѓу државните ентитети и правните лица?

Со новиот Закон за медијација веќе воведуваме нов концепт на медијација во Република Македонија. Се дава можност со Законот за медијација доколку со посебен закон се уреди задолжителност на медијација пред започнување на судска постапка дека тоа ќе функционира. Доброволноста како начело, нормално повторно се задржува, меѓутоа отидовме малку понапред со тоа што во Законот за парничната постапка предвидовме за споровите до еден милион денари да биде задолжителна медијацијата пред да се поведе судската постапка, а инаку задолжителната медијација ја предвидуваме и во рамките на семејните односи, како и во делот на заштитата на потрошувачи.

Според најавите, се чини дека новиот Закон за финансиска дисциплина, кој е во фаза на подготовка, ги изедначува сите учесници во правниот сообраќај, дали Вие го поддржувате овој тренд?

Нормално, тоа е идеја која што беше баш кажана и од ова место и Владата за брзо за време ќе излезе со Законот за финансиска досциплина.

Oбјавено: 29.10.2013