/ Прочитано:

612

Контра одлуката на Уставниот суд: Каталонците симболично гласаа за независност

Понеделник, 10 ноември 2014 – Над 80 отсто од Каталонците кои гласаа викендов на тест-референдум, се изјасниле за незавнисност, покажуваат првичните резултати.

Тие се изјаснуваа за две прашања: „Дали сакате Каталонија да биде држава? Ако сакате, дали таа држава треба да биде независна?“.

Во гласањето учествувале 2.25 милиони гласачи, од кои 80.1 отсто се за целосна независност, додека 10.1 за самостојна Каталонија поврзана со Шпанија, а само 4.6 отсто биле против каков било облик на независност.

„Каталонците покажаа дека сакаат самоуправување“, изјави во Барселона регионалниот каталонски лидер, Артур Мас.

„Јас сум слободен да гласам. Јас сум дел од она што повеќето луѓе го сакаат во Каталонија и ја создадоа ова можност секој да го изрази неговото мислење и да го даде својот глас“, изјави познатиот фудбалски тренер,  Пеп Гвардиола, кој исто така учествуваше на гласањето.

„Резултатите од референдумот се објавени по преброени 88.4 отсто од гласачките ливчиња. Тоа значи дека 1.649.239 луѓе гласале со „да“ и на двете прашања.

„Симболичното гласање за независност на Каталонија е бескорисен пропоаганден акт“, изјави шпанскиот министер за правосудство, Рафаел Катала. Тој е првиот член на конзервативната влада на Мариано Рахој, кој јавно изразил свое мислење за референдумот во кој учествуваа над два милиони лица.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, постои можност каталонскиот лидер Артуро Мас  да се најде на удар на судските власти поради „граѓанска непослушност“, бидејќи каталонскиот јавен обвинител на барање на Мадрид започнал истрага околу тоа дали користењето на училиштата и јавните површини за организирање на референдумот кршење на одлуката на Уставниот суд.