/ Прочитано:

964

Кривична пријава за управителката на фирмата што стопанисува со охридски паркинзи

Петок, 7 јуни 2013Управителката на компанијата Сузуки“ која стопанисува со паркинзите во Охрид, М.М. (32) заработи кривична пријави за бесправно узурпирање на недвижнини. Како што информира полицијата, и покрај известувањето од градоначалникот на Општина Охрид за раскинување на договорот за закуп на паркинг просторот уредно доставено до правното лице „Сузуки“, управителката ангажирала десет лица, вработени како наплатувачи на паркинг просторите во централното градско подрачје, ги опремила со девет фискални апарати и ги испратила на работни места со цел да наплатуваат паркинг на улиците во центарот на градот од 08.30 до 14.30 часот. М.М. се товари дека за себе, односно за правното лице со кое управува прибавила противправна материјална корист од вкупно 11.450 денари. Фирмата со која управува М.М. има два договори склучени со поранешниот градоначалник Александар Петрески. Едниот за центарот на градот кој завчера го раскина општината, а другиот што се однесува на речиси сите улици низ Охрид ќе се решава по судски пат. Од локалната самоуправа стојат на ставот дека договорите се штетни за општината и се склучени под сомнителни околности, а концесионерот најави тужба за Општината.