/ Прочитано:

1.332

Кривична пријава за поранешна извршителка

СВР Куманово поднесе кривична пријава против поранешен извршител именуван за подрачје на Куманово, Кратово и Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотеба на службена положба и овластување“.

„Пријавената ги пречекорила своите овластувања на начин што, по барање за спроведување на извршување од доверител против должник, за спроведување на извршување во вредност од 40.923 денари, објавила продажба на јавно наддавање на недвижноста, а по претходна проценка и вештачење со вкупна сума од 949.000 денари и донела налог за извршување врз недвижноста од 17.01.2018 каде го спровела извршувањето на недвижноста“,информираат од МВР.