/ Прочитано:

840

Кривична пријава за шефот на ЕЛСТАТ – се сомничи дека прикажал лажни информации за буџетскиот дефицит во Грција

Среда, 23 јануари 2013 – Шефот на грчката национална статистичка служба ЕЛСТАТ, Андреас Георгиу и двајца високи функционери се соочија со кривични пријави бидејќи прикажале поголем буџетски дефицит со цел должничката криза во земјата да изгледа полошо во однос на реалната слика, јавува Ројтерс.

Георгиу негираше дека сторил кривично дело, а позади оваа негова изјава застана и агенцијата за статистика на ЕУ, Еуростат велејќи дека дефицитот е пресметан во согласност со нејзините стандарди. 

Сепак, обвинителот за економски криминал порачал дека обвинението против Георгиу и уште двајца функционери ќе биде подигнато откако ќе бидат најдени докази дека тие во 2009 година ги  фалсификувале  фискалните податоци на земјата, открил анонимен извор од судот во Атина.

Истрагата го отвори прашањето за валидноста на 172 милијарди од вториот пакет помош кој што Грција го доби од Европската Унија и Меѓународниот монетарен фонд.