/ Прочитано:

1.278

Кривична пријава за скопјанецот што уби куче со секира во Дебар Маало

Секторот за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 45-годишниот С.Х. од Скопје за кривично дело мачење животни.

„На 29 април годинава околу 18.30 часот на улица Пиринска во близина на угостителски објект, откако претходно таткото на пријавениот се пожалил дека е каснат од куче, тој од својот двор зел мала секира и метална шипка, излегол надвор и откако го забележал, му се доближил на кучето и му задал еден удар со секира и повеќе удари со метална пречка во пределот на главата и од ударите го повредил кучето, го изложил на непотребни маки и нанесени болки кои резултирале со последица смрт“ – се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Во член 233 од Кривичниот законик кој се однесува на кривичното дело мачење животни, се вели дека тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

М.В