/ Прочитано:

1.326

Кривични пријави за 9 социјални работници од Тетово, полицијата ги сомничи за злоупотреба на социјална помош во 36 предмети

Вторник, 13 ноември 2012 – Македонската полиција поднесе 9 кривични пријави против социјални работници од Тетово кои според МВР доделувале социјална помош на лица кои не ги исполнувале условите. Инспекторите на Министерството за труд и социјална политика  пронашле незаконитости во 36 предмети од Центарот за социјални работи во Тетово. 

„Кривичните пријави се резултат  на интерна внатрешна контрола на работењето на повеќе центри за кои имаше извесни информации за злоупотреба на правото на социјална парична помош“, изјави Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.

Контролите се вршеле 7 месеци, а со имплементацијата на новиот софтвер биле констатирни извесни злоупотреби и неточно изнесување на податоци од страна на корисниците.

Контролата покажала дека во периодот од 2009 до 2011 година осомничените овозможиле 36 лица да се стекнат со право на користење на социјална парична помош. По извршената контрола од страна на редовните контроли од Министерството за труд и социјална политика, утврдено е дека примателите на социјална помош не ги усполнувале условите односно имало промена во нивната материјална, семејна и имотна состојба. Тетовските социјални работиници направиле штета од 21.000 евра на сметка на буџетот на РМ.

Директорот на тетовскиот Центар за социјални работи, Насер Садики ги отфрла обвинувањата дека има злоупотреби во 36 предмети од страна на социјалните работници. За Академик вели дека редовните контроли откриле неправилности поради тоа што податоците не биле ажурирани, па социјалните работници не можеле да знаат кај кои приматели се сменила материјалната, семејната и имотната состојба.