/ Прочитано:

1.437

КУЛТУРА НА ПРЕВЕНЦИЈА, А КОРИСНА ИНВЕСТИЦИЈА: Безбедноста и здравјето при работа значат задоволни работници и продуктивни компании!

Секоја инвестиција во мерки за безбедност и здравје при работа треба да се сфати како корисна инвестиција на работодавачот. Нивото на безбедност зависи од здравјето и работната способност на вработените и на тој начин се влијае на продуктивноста на компаниите. Улогата на безбедноста при работа е определено од нејзината цел и обемот на правата и обрските на работодавачите и работниците. Целта е да се биде во согласност со законот и прописите на ова поле, а со тоа се детерминираат три аспекти: човечкиот, социјалниот и економскиот.

Прашање од глобално значење – неминовно е јакнење на културата на превенција

Заштитата и безбедноста при работа претставуваат глобално прашање и предизвик. Тоа се потврди и денес на Светскиот конгрес за безбедност и здравје при работа кој се одржува во Франкфурт, Германија, на коj Александар Гункл, претседател на Интернационалната организација на работодавачите збoруваше за безбедноста и здравјето при работа од аспект на работодавачите. Според него, законите и правилниците за БЗР во ЕУ се солидни и корисни, меѓутоа треба уште многу да се работи овие закони и законски рамки да се имплементираат од страна на работодавачите. Тој исто така нагласи потреба од култура на превенција која ќе донесе придобивки до сите социјални партнери.

На Конгресот беше истакнато дека успешна примена на безбедноста и здравје при работа, потребни се долгорочни стратегии за зголемување на свеста, подобрување на знаењата и со тоа намалување на несреќите при работа. Мерките кои се однесуваат на безбедноста и заштитата на здравјето при работа, како и образованието во врска со глобалното прашање се најважни за јакнење на културата на превенција, беше сублимирано на Конгресот.

Избегнувањето на несаканите последици е добро и за работниците и за продуктивноста на компаниите

Светски конгрес за безбедност и здравје при работа се одржува во Франкфурт

Мерките кои се однесуваат на безбедноста и заштитата на здравјето при работа во себе содржат поширок спектар на акции, почнувајќи од системскиот пристап  до рефлектирањето во националниот доход.

Кевин Мајерс, кој е претседател на Интернационалното здружение за трудови инспектори, и  исто така е водечки човек на Health and Safety Executive, коа е најважната институција за БЗР во Велика Британија вели дека за успешна примена на безбедноста и здравје при работа, потребни се долгорочни стратегии за зголемување на свеста, подобрување на знаењата и со тоа намалување на несреќите при работа.

Практично, самиот концепт на заштита при работа подразбира вмреженост на сите компоненти, но сепак најефективниот носител и именител за успешно остварување на концептот е прифаќањето од страна на работодавачите дека за успешно работење на една компанија најважно е да се креираат модалитети за избегнување на несаканите последици што пак е во директно влијание и на самата продуктивност на компанијата. Според М-р Горан Поповски, еден од потемелните истражувачи на ова трудово-правно и социо-економско прашање, безбедноста и здравјето при работа е актуелна тема која може да се дефинира како интердисциплинарен концепт во обезбедување на работни услови кои се одвиваат низ одредени мерки и активности, а со цел да се заштити животот и здравјето на вработените и други лица кои имаат право на тоа.

„Всушност, основен мотив на оваа практика е да се овозможи несаканите последици, како што се повреди поврзани со работата, да се сведат на минимум, за да се постигнат такви услови на работа во која работникот би имал чувство на задоволство во вршењето на своите професионални обврски. За остварување на оваа цел се бара системски пристап на сите чинители на безбедноста и здравјето при работа како работниците и нивните претставници, потоа работодавачите и нивните претставници и заедницата, односно Владата и државните институции. Улогата на безбедноста при работа е определено од нејзината цел и обемот на правата и обврските на работодавачите и работниците. Целта е да се биде во согласност со законот и прописите на ова поле, да се достигнува највисоко ниво на здравствена и физичка и психолошка грижа“, наведува М-р Горан Поповски, кој ова прашања на систематично го обработува во „Прирачникот за безбедност и здравје при работа – со збирка на прописи“.

Три аспекти: човечки, социјален и економски аспект

„Во оваа смисла, работните услови, ресурси и организација на работа мора да бидат прилагодени на потребите на работниците додека работниците треба да бидат мотивирани активно да учествуваат во тие активности. Безбедноста и здравјето при работа може да се анализира најмалку од три аспекти: човечки, социјален и економски аспект. Општественото значење во голема мера е изразено преку голем број на работници кои се повредуваат или ги губат животите на работа, заболуваат од професионални болести и други болести поврзани со работата и поради тоа за нивните семејства се стрес и грижа, а посебно се грижа за општеството“, наведува Поповски.

Отсуството на капацитети и знаења мора да се надополни со систематичен правно-литературен ориентир

М-р Горан Поповски, автор на „Прирачникот за безбедност и здравје при работа – со збирка на прописи“

Сознанијата говорат дека во Република Македонија поголем број на претпријатија немаат капацитети и знаења за спроведување на законските мерки од областа на безбедноста и здравјето при работа, што говори дека на ова поле недостасуваше интегриран системски концепт со кои на работодавачите и на сите кои се вклучени во конкретен работодавен процес ќе им ги посочи бенефитите од заштитата и безбедноста на здравјето при работа, потоа сите прописи кои ја регулираат оваа област, со прецизен, јасен и детален преглед на обврските.

Како значајна општествена тема, логично е дека ова прашање подразбира посериозен пристап во неговата примена, но колку и да постои волја за негова примена, клучно во целиот тој процес е да постои ориентир кој на работодавачите ќе им ги расчисти дилемите и ќе им биде патоказ кон тоа што всушност треба да направат, растеретени од толкувањата на обемната материја.

Истражувањата на М-р Горан Поповски водат кон тоа да преку една солидно изградена концепција преточена во Прирачник како документ-ориентир на самите работодавачи и чинители при примената на БЗР, ќе им се разјаснат и протолкуваат аспектите на безбедноста и заштитата на здравјето при работниот процес затоа што, како што вели Поповски, секоја инвестиција во мерки и безбедност здравје при работа треба да се сфати како корисна инвестиција на работодавачот.

„Со користењето на Прирачникот ќе се овозможи расчистување на определни дилеми, и прашања што ги имаат работодавачите околу безбедноста и здравјето при работа и ќе се придонесе за подигање на знаењата на работодавачите и со тоа ќе се намалуваат случаевите на повреди при работа и професионалните болести за кои се објаснува дека се еден важен индикатор во областа на безбадност и здравје при работа“, подвлекува Поповски кој додава дека бенефитите од  таквото стратешко имплементирање на обработените прашања се во директна корелација и со економската и здравствената политика во земјата.

Прв прирачник од ваков вид во земјава

Во таа насока, Поповски потенцира дека овој Прирачник е прв од ваков вид во Република Македонија и напоменува дека неговата примена е мултиефективна затоа што од него корист имаат буквално сите вклучени чинители во системот на заштита и безбедноста на здравјето при работа.

Јасно е дека пионерскиот потфат на М-р Горан Поповски е од силно општествено значење  и како што и самиот истакнува „се работи за резултат на огромната материја која ја опфаќа безбедноста и здравјето при работа“.

Тој апелира дека како тема која се отвора низ ваква методологија за првпат, сите сугестии и забелешки на јавноста се добредојдени, а се со цел да се иницира едена поширока јавна акција за надминување на проблемите од заштитата и безбедноста на здравјето при работа од што корист ќе имаат работодавачите, работниците, но и самото општество.


Автор: Милчо Велјаноски / veljanoskim@akademik.mk Објавено: 25.08.2014